Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Лишени од слобода се 11 лица, поради поткуп, фотографирање на гласачкото ливче

Тошковски: Лишени од слобода се 11 лица, поради поткуп, фотографирање на гласачкото ливче

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека кога институциите функционираат, демократијата е силна. 

Рече дека имавме мирен изборен ден, а имало 29 прекини на гласањето кои траеле кратко поради технички проблеми. Како што кажа министерот, имало пријави и за агитирање, а многу од тие наводи не се потврдени. 

„Лишени од слобода се 11 лица, поради поткуп, фотографирање на гласачкото ливче или оштетување на материјал“, рече Тошковски. 

Имало 19 објави во интернет просторот кои се предмет на обработка. 

Слично

Поврзани вести