ТОШКОВСКИ: Лага е дека нападот на Арсовска се случил пред полицајци
За нападот при посета на дивоградба во скопски Чаир врз градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред полицијата.
Тој за телевизија Телма рече дека за тоа добил потврда од соодветниот началник и е уверен дека и снимките од камерите кои се наоѓаат во околината на нападот ќе го потврдат тоа.
Тој во интевју за Телма вели дека МВР постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но истакна дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави, одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.Арсовска денеска кажа дека добивала закани, но и дека маж во Чаир ја клоцал.
фото Фејсбук/Панче Тошковски
Слично
