Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ ЌЕ РАБОТИ ОД ДОМА - тестовите утврдиле дека е позитивен на Ковид

ТОШКОВСКИ ЌЕ РАБОТИ ОД ДОМА - тестовите утврдиле дека е позитивен на Ковид

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својата фејсбук страница објави дека е позитивен на Ковид-19.

Како што информира министерот, оваа седмица работните обврски ќе ги извршува од дома, се до исчезнување на симптомите.

- Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите - напиша Тошковски на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава: 


Од друга страна денеска се вжештија препукувањата меѓу политичките партии за тоа кој треба да ја сноси одговорнста за бегањето на косоварот Блерим Рамадани. 

По прозивките од матичната партија на Тошковски, кои бараат отказ од судијата, од Кривичен суд прстот го посочија кон МВР. 

Слично

Поврзани вести