Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Ќе предложиме законски измени за електричните тротинети

Тошковски: Ќе предложиме законски измени за електричните тротинети

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот, со посебен фокус на електричните тротинети и функционирањето на системот „Сејф сити“. Тој најави казнување за погрешно паркирање и непрописно управување со возило и нови законски измени за користењето на електричните тротинети.

- Ако јас лично се прашувам, јас би ги забранил тротинетите да се управуваат во Македонија. Но ќе оставам во рамки на една дебата со предлози да најдеме едно соодветно решение, тргнувајќи од аспект на повредени лица, тешко телесно повредени лица, загинати лица, јас би ги забранил скроз. 

Министерот не е тој кој го има последнито збор, туку Собранието. Секако ќе бидат консултирани професорите. Затоа ги имаме овие состаноци. Така што ќе видиме со какво предлог решение ќе одиме до Собранието. Секако тоа ќе биде поригорознбо од тоа што сега го имаме, рече Тошковски.

Слично

Поврзани вести