Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски кажа колкава ќе биде толеранцијата за „Безбеден град“

Тошковски кажа колкава ќе биде толеранцијата за „Безбеден град“

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостување на телевизија Телма изјави дека толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари.

„Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри“, вели Тошковски. 

Кажа дека ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч.

Министерот нагласи дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила.

Слично

Поврзани вести