Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Истрагата за Кочани не е завршена

Тошковски: Истрагата за Кочани не е завршена

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред медиумите,како одговор на новинарско прашање, рече дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не е завршена и дека, според него, може да биде опфатен и МВР.

Министерот рече дека седум полициски службеници имаат кривични пријави, но не кажа дали меѓу нив има актуелни одговорни лица, а наместо одговор, даде осврт на минати случувања.

- Амнезија имаше во минатото, кога за несреќи каде што загинаа 75 луѓе, МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Не се согласувам дека има амнезија околу истрагата за трагедијата во кочанската дискотека, рече Тошковски.

Тој смета дека има вина и во МВР за непостапување во последните година дена и затоа поднесени се кривични пријави против 7 полициски службеници. Можно е повеќе полицајци да бидат дел од истрагата.

-Јас работам во интерес на граѓаните. Досега за она што е сработено од ЈО, гледам посветеност и 11 обвинители како се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови во МВР, кажа првиот полицаец во државата во изјава за медиумите по настанот Ден на Царинската управа – 14 април.

Запрашан дали ќе се постапи доколку кај претходните министри кои биле на чело на МВР, се најдат пропусти во делувањето, Тошковски рече дека ќе се постапи.„и за актуелното раководство ако треба“.



Слично

Поврзани вести