ТОШКОВСКИ: Исплатена е бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека денеска е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР.
„Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година“, пишува Тошковски на Фејсбук.
Слично
