Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Интензивно сум посветен на темата семејно насилство

Тошковски: Интензивно сум посветен на темата семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање денес одговори дека изминатиот период во полициските билтени има голем број на пријави за семејно насилство поради тоа што жртвите се охрабриле да пријавуваат.

- Интензивно сум посветен на оваа тема, од БЈБ добивам информации по неколку случаеви дневно, викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство, тоа е така затоа што жртвите се охрабрени да пријават. Тоа говори дека се движиме во правец по кој треба да се движиме, рече Тошковски.

Министерот додаде дека таму каде што е направена пропуст во полициската постапка со семејно насилство треба да има ревизија и да се утврди индивидуална одговорност, а од друга страна да има системски подобрувања

Тошковски наедно најави сеопфатни законски измени кои ја тангираат темата семејно насилство.

Слично

Поврзани вести