ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски го награди полицаецот што спречи жена да се фрли од прозорец во Тетово

Тошковски го награди полицаецот што спречи жена да се фрли од прозорец во Тетово

Министерот Панче Тошковски денеска во својата канцеларија го прими полицаецот Беким Исмани, кој вчера спречи млада девојка да се фрли од кат во мотел во Тетово. Министерот објави дека полицаецот ќе биде награден.

„По вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денеска лично го примив колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и си го одземе животот и притоа беше повреден со нож кој таа го држела во раката.

Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.

Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, објави Тошковски.

Полицајци од Тетово вчера спречија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот. Девојката е пренесеа во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Во меѓувреме полицијата го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден.


ad
Слично

Поврзани вести