Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

Полицијата е фокусирана на функционален систем за следење на сообраќајот со камери. 

„Се работи на техничко решение покрај кое ни треба и законско за функционален систем при следењето на сообраќајот со камери“, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој објасни дека целта е што поскоро ставање во функција на камери со кои ќе се утврдуваат и казнуваат сообраќајните прекршоци, да се намалат  жртвите во собраќајот и да се зглеми сообраќајната култура.

Поставувањето на камерите  треба да покрие и дел од криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.

Појасни дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.

Слично

Поврзани вести