Тошковски e шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати остри критики по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал да ја запре истрагата за случајот „Мазут“. Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски јавно го изрази своето незадоволство, нагласувајќи дека акцијата на полицијата била спроведена во целосна координација со обвинителите.
„Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството“, изјави Тошковски.
Вели дека конечно е дојдено време ваков потенцијален криминал каков што е направен во овој случај да не биде затворен со, како што рече, плитко спроведени постапка.
И премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека е шокиран од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и очекува нејзино преиспитување.
Во случајот се опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и сопствениците на компаниите кои ја снабдувале ТЕЦ Неготино со мазут.
Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ вчера соопшти дека истрагата е запрена бидејќи не биле пронајдени доволно докази за кривично дело.
фото Фејсбук/Панче Тошковски