Тошковски: Двајца помошници одговорни зошто „Северна“ наместо во 2019, ја има од 2021 во документите
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека двајца помошници во ресорот се договорни за тоа што лични документи со новото уставно име започнале да се изработуваат во 2021, наместо уште од 2019.
Тој додава дека прпустите се утврдени во извештајот на одделот за внатрешна контрола, кој е строго доверлив. Двајца помошници во МВР се одговорни, според Тошковски, за лошо планирање и катастрофално менаџирање на процесот на набавка и издавање лични документи со новото уставно име.
Тој посочи дека за еден од нив ќе биде поведена дисциплинска постапка пред службите во МВР, додека за другиот помошник министер ваква постапка нема да има затоа што истекол рокот од една година за да се стори тоа.
Анализата е доставена и до Јавното обвинителство, а според министерот, покажала дека постоеле објективни причини зошто МВР не почнало со издавање на докуметните во 2019 година, туку во јули 2021-та, но утврдува пропуст во процесот на планирање.
- Но во делот на планирање на конкретниот број на патни исправи кој што требало да бидат нарачани и особено во делот на динамиката на испорака и начинот на спроведување на сите овие постапки извештајот утврдува конкретна вина кај двајца помошници министри во рамки на МВР кои вина зборам од аспект на пропуст и согласно истиот извештај се констатира дека се поведува дисциплинска постапка за еден од овие помошници а во однос на другиот пропупст е сторен, но бидејќи се поминати повеќе од 12 месеци, рече Тошковски.
Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев во писмен одговор за Канал 5 вели дека анализата не била целосно изготвена, а извештајот не бил валиден бидејќи на него немало потпис од двајцата помошници во одделот за внатрешна контрола.
