Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски беше во Гостивар - кога гостиварчани ќе добијат безбедна вода?

Тошковски беше во Гостивар - кога гостиварчани ќе добијат безбедна вода?

Граѓаните во Гостивар ќе ја користат водата дури кога анализите ќе потврдат дека е безбедна.

Засега нема прецизен рок кога водоснабдувањето повторно ќе биде безбедно за користење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека јавноста ќе добие точни информации дури откако ќе завршат сите неопходни анализи.

„Не можам да кажам кога ќе имаме вода за соодветна употреба. Ниту сум ги лажел, ниту ќе ги лажам граѓаните. Кога ќе имам точна информација, тогаш ќе ја соопштам на јавноста“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека стручни екипи веќе вршат земање мостри од повеќе локации во водоводниот систем, а резултатите од лабораториските испитувања ќе бидат клучни за утврдување на следните чекори.

Тошковски увери дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом ќе бидат готови анализите и ќе се утврдат условите за целосно нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар.

Според првичните проценки на експертите, една од можните мерки е спроведување хиперхлорирање на водоводната мрежа со цел целосна дезинфекција на системот. По оваа постапка ќе следуваат нови анализи за да се потврди дали водата најпрво е безбедна за техничка употреба, а потоа и за пиење.

фото Фејсбук/Панче Тошковски

Слично

Поврзани вести