TOШКОВСКИ: Кога ќе кажеш Македонија сега синонимот е повеќе на Северна Кореја отколку на Европа
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски забележува дека Македонија е единствената земја заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заглавени во сопствената земја.
„Ова што го прават е на граница со лудило. Ние моментално сме единствените во свет кои сме заробени во сопствената држава. Eвентуално Северна Кореја. Кога ќе кажеш Македонија сега синонимот е повеќе на Северна Кореја отколку на Европа. Каде го има тоа со важечки пасош што ти го издава државата да не можеш да излезеш од сопствената земја“, вели министерот во интервју за Република.
Предлогот на ВМРО ДПМНЕ за продолжувањето на рокот на важење на пасошите издадени со името Република Македонија, а кои имаат важност, не доби зелено светло во Собранието.
