Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Фрапиран сум од процентот на боледувања во МВР

Тошковски:  Фрапиран сум од процентот на боледувања во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.

Една од најфрапантните констатации е процентот на боледувања кои ги има секој месец во рамки на МВР. Тој процент се движи околу 10 отсто во континуитет. Замислете сега во приватна компанија со 100 вработени, секој месец најмалку 10 вработени од таа компанија да бидат на боледување.

Тоа ми беше трн во око и на мое барање беше отворена истрага од Фондот за здравствено осигурување и тие проверки се направени кај докторите. Одговорноста за издаденото боледување не е кај полицискиот службеник, туку е кај докторот. Неправилности се откриени кај повеќе лекари, а проверките се направени по случаен избор. Кај секој четврти, петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Тоа е катастрофа како процент, наведе Тошковски.

Тој додаде дека паралелно се води и истрага во Одделот за внатрешна контрола во МВР. 

Слично

Поврзани вести