Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тортевски по дебаклот од Англија: Со селекторот Ангеловски одевме по судови за да ја добие наградата

Тортевски по дебаклот од Англија: Со селекторот Ангеловски одевме по судови за да ја добие наградата

Адвокатот Александар Тортевски по вчерашниот историски најтежок пораз на македонската фудбалска репрезентација од 0-7 на гистувањето во квалификацискиот напревар против англискиот национален тим, вперувајќи го прстот кон Фудвалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Муамер Сејдини, откри интересна пикантерија.

Тортевски во својот твит објави дека најуспешниот фудбалски селектор на сите времиња Игор Ангеловски - Мрме не ја добил премијата од ФФМ за историскиот пласман на македонската фудбалска селекција на Европското првенство 2020 па морал да ја бара по судски пат.

Ангеловски морал судски да си ја добие наградата загарантирана со договорот, откри еден од најпознатите адвокати Александар Тортевски. Шефот на стручниот штаб според договорот со ФФМ имаше клаузула за премија ако Македонија ја однесе на Европското првенство, ама после „војната“ со актуелниот претседател Муамед Сејдини во последната година од важешкиот договор, првиот човек на ФФМ не сакал да му ја исплати таа премија, па сѐ морало да оди по судски пат.

„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.

ФФМ од пласманот на Македонија на ЕП тогаш заработи безмалку 10 милиони евра,  По Еуро 2020, Ангеловски заврши со својот мандат, а се пензионираше и капитенот Горан Пандев.


Слично

Поврзани вести