Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тортевски: Мора да се расчисти кој знаел и се согласил со сценариото

Тортевски: Мора да се расчисти кој знаел и се согласил со сценариото

Адвокатот Александар Тортевски во Топ тема на Телма вечерва рече дека  мора да се утврди точен мотив на секој од осомничените. 

Додава дека мора да се расчисти кој знаел и се согласил со сценариото. 

„Одредени луѓе биле задолжени да обезбедат 3000 поддржувачи и ќе му дадат призвук дека народот е револтиран. Не може 20 луѓе да влезат и да тепаат“- рече Тортевски. 

Тој вели дека некои луѓе заработуваат луѓе кои со ова сакале да ги задржат своите позиции, имало луѓе кои сакале да се спасат од гонење на СЈО. 

Професорот Гордан Калајџиев во Топ тема на Телма вечерва изјави дека на сите треба да им е јасно дека упадот во Собранието не го смислил екс министерот за внатрешни, Митко Чавков, туку дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е мозокот. 

Тој вели дека правдата нема да биде задоволена ако се гонат само структурите кои ги извршија насилствата во Собранието. 

„Многу луѓе се заведени. Има луѓе кои веруваат дека тоа е за добро на Македонија. Некои влегле занесени од целата приказна, навистина некои од нив навистина немале намера да извршат „црно сценарио“ - рече Калајџиев. 

Според него, овие лица ќе одговараат, но за полесни дела. 

Слично

Поврзани вести