Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тортевски: Имам сериозна информација дека Груевски се откажал од имунитетот

Тортевски: Имам сериозна информација дека Груевски се откажал од имунитетот

Адвокатот Александар Тортевски во вчерашното гостување на Топ Тема откри една интересна информација за јавноста поврзана со екс премиерот.

– Имам сериозна информација дека Груевски денеска се откажал од имунитетот – рече Тортевски.

Како што кажа тој, наводно Груевски ова го направил за да ги избегне испрашувањата пред комисиите во Собранието пред медиумите и јвноста.

Инаку пратеничкиот иминутет се однесува на приведувањето, па така Собранието мора да процени и да даде согласност дали истото е оправдано или не. Пратеничкиот имунитет во никој случај не го ослободува Груевски ниту било кој друг од кривична одговорност.

За предметите во кои Груевски е обвинет, а СЈО бара притвор дури денеска ќе се знае што одлучил Кривичниот суд. Вчера сите барања за притвор беа одбиени, а се прифатија само поблагите мерки на претпазливост со одземање на пасош.

Слично

Поврзани вести