Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топол и пријатен викенд, температурите ќе растат

Топол и пријатен викенд, температурите ќе растат

Граѓаните на Македонија може да очекуваат стабилно и се потопло време со постојан раст на дневните температури, како за време на овој викенд така и за почетокот на идната работна недела.

Според УХМР денеска ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 33 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе достигне 9.

Во недела и понеделниk попладне во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, но температурите ќе бидат високи и насекаде ќе достигнат над 30 степени. 

Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени, пренесуваат од УХМР.


Слично

Поврзани вести