Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топол Антициклон во Македонија

Топол Антициклон во Македонија

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија  и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) од југ и токму ова ќе услови да имаме претежно суво време со повеќе сонце  и со повремено и локално зголемување на облачноста. Температурите ќе бидат над просекот за почеток на месец март и тие ќе бидат пролетни и особено во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 20 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопје  и околината температурата исто така ќе се искачи до околу или ќе надминува 15 степени. Повисоки температури ќе имаме  и во ноќните  и во утринските часови но секако и покрај ова тие  и понатаму во дел од Македонија  и тоа особено на повисоките  и на планинските места ќе се спуштаат за некој степен под нулата и ќе има појава на слаб утрински мраз“, пишува тој. 


Слично

Поврзани вести