Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топол Антициклон од југ ни носи натпросечно топло време во Македонија

Топол Антициклон од југ ни носи натпросечно топло време во Македонија

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна, сува  и релативно топла воздушна маса од југ, до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и со многу сонце. Денес особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, објави метеорологот Славчо Попоски.

„И во Скопје  и околината до крајот на неделава ќе имаме стабилно и суво време со многу сонце а денес  и утре (четврток 26 февруари 2026) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат над просекот за самиот крај на месец февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 14/15 степени. Наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени и на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз, а преку денот времето ќе биде пролетно“, вели тој. 


Слично

Поврзани вести