ТОПЛОТЕН БРАН НА БАЛКАНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: Температури до 30 степени, еве што велат метеоролозите
Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па се до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи со уште потопло време со рано – летни температури на воздухот кои во делови од регионот, како и во нашата Македонија ќе надминуваат 25 степени, а можно е дури истите да се искачат и дури околу 30 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Исто така, Балканот во споменатиот период го очекува многу променливо и нестабилно време, а постои опасност и од локални поголеми невремиња и поплавувања, променливо и нестабилно ќе биде и во нашата Македонија, а ова ќе биде проследено со засилен до силен јужен и југозападен ветер (над 75 км/час). Метеопати, бидете внимателни деновиве, поради тоа што Биометеоролошките услови ќе бидат крајно неповолни, а исто така проблем ќе прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашиот дел од Европскиот Континент“, вели Попоски.
