Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топло февруарско утро: Каде се можни врнежи денеска?

Топло февруарско утро: Каде се можни врнежи денеска?

Првиот ден од февруари ќе биде релативно топол. Наутро ќе имаме слаба до умерена магла по котлините, додека на повисоките места ќе биде претежно ведро, прогнозира специјализираниот сајт метеопро. 

Минималната температурата ќе има вредности во дијапазонот од -4°С до -1°С, односно околу 0°С на југоисток.

Попладне ќе се наоблачи во крајниот западен регион, па во реканскиот и дебарскиот крај може да очекуваме повремен слаб дожд, а во мавровскиот крај слаб снег.
попладне ќе имаме појава на умерен југоисточен ветер во јужнипт дел од повардарието.Денот ќе биде релативно топол. Котлините низ земјава ќе имаат температура помеѓу 4°С и 7°С, а во југоисточниот крај околу 11°С.

Пошироката скопска околина ја очекува облачно утро и умерено облачно попладне. Наутро ќе има услови за појава на слаба магла во дел од котлината.

Минималната температура ќе се спушти до околу -2°С, а максимална вредност ќе достигне до околу 6°С.

Слично

Поврзани вести