Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОПЛИОТ БРАН ОД ШПАНИЈА, ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Ни доаѓаат 42 степени!

ТОПЛИОТ БРАН ОД ШПАНИЈА, ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Ни доаѓаат 42 степени!

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно,суво, сончево и многу топло време во нашата Република Македонија (многу топол и сушен период) кој носи опасност од појава на шумски пожари, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ќе се искачи до околу 42 степени. Слични температури очекувам и во Скопскиот регион.

За време на овој многу топол бран ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а  Ув индексот ќе има многу висока вредност 9. Токму поради ова, апелирам, граѓаните, особено оние возрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности“, објави тој.



Слично

Поврзани вести