Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОПЛИОТ БРАН НЕ ПОПУШТА: Денеска жежок ветер со брзина и над 60 километри, температурите повисоки од 40 степени

ТОПЛИОТ БРАН НЕ ПОПУШТА: Денеска жежок ветер со брзина и над 60 километри, температурите повисоки од 40 степени

Управата за хидрометеорологија во денешното актуелно предупредување наведува дека и денеска Македонија е изложена на топол бран.

-Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Ќе дува умерен до засилен претежно западен ветер (понекаде со над 60 км/час).

Метеоролозите предвидуваат дека и вторник и среда ќе бидат исклучително тополи денови со температури над 40.


Слично

Поврзани вести