Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топилницата се избриша од урбанистичкиот план на Велес, таму ќе никне зеленило?!

Топилницата се избриша од урбанистичкиот план на Велес, таму ќе никне зеленило?!

Објектите на Топилницата за олово и цинк со новите измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Велес се избришаа од маркицата, а просторот се пренаменува во заштитно зеленило.

Предлогот за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на општината Велес за 2013 година е усвоен на вчерашната седница на Советот на општината.

Во изјавата за МИА, советничката на ВМРО-ДПМНЕ Валентина Делиманчева Андреева рече дека советничката група на СДСМ без образложение гласала против оваа одлука и додаде дека е нејасно зошто СДСМ е против измената на ГУП, за конечно бришење на топилницата.

„Велешани обединети во изминатиот период во повеќе наврати јавно искажаа дека се против Топилницата во нивниот град. Развојот на локалната економија, пак, преку создавање и проширување на индустриските зони е најзначаен елемент што му е потребен на градот. Само на тој начин ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми стандардот на населението“, рече Делиманчева Андреева.

Слично

Поврзани вести