Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП ЛИСТА: Кои „фаци“ ги тресеа финансиските пазари во 2016!

ТОП ЛИСТА: Кои „фаци“ ги тресеа финансиските пазари во 2016!

Новиот британски премиер Тереза ​​Меј ја предводи листата на Bloomberg за највлијателните личности за глобалните финансиски пазари, соопштија од истоимената агенција.

Рангирањето се прави од 2011 година врз основа на анкета на дописници и уредниците на Bloomberg. Во него се вклучени лица, кои можат да влијаат на движењето на пазарите кои даваат идеи и презентираат политики.

Лидерството на Меј не е изненадувачко, со оглед на фактот дека во нејзини раце е судбината на Британија и подготовките за претстојниот Брегзит кој е најактуелна економска тема во последните месеци.

На второ место е кандидатot за претседател на Републиканската партија на САД Доналд Трамп, следен од соперничката од демократите Хилари Клинтон.

На четврто место е кинескиот претседател Си Цзинпин, а на петто место шефот на „Amazon“ Џеф Безос.

Ангела Меркел е на шестото место, а шефот на Европската централна банка Марио Драги е седми.

За прв пат во листата влегува и рускиот претседател Владимир Путин, но тој е на 30 место од вкупно 50 наведени.

Минатата година на чело на листата беше Џенет Јелен, шефицата на американската централна банка (Фед), а зад неа се наредија кинескиот претседател и шефот на технолошкиот гигант „Apple“ Тим Кук.

Слично

Поврзани вести