Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП 10-ТЕ КОМПАНИИ И БАНКИ ПОВТОРНО НА ВРВОТ - на редовната ревизија на МБИ10 остануваат истите акционерски друштва

ТОП 10-ТЕ КОМПАНИИ И БАНКИ ПОВТОРНО НА ВРВОТ - на редовната ревизија на МБИ10 остануваат истите акционерски друштва

Истите акции и од стартот на следната година ќе го сочинуваат главниот индекс на Берзата на земјава, односно МБИ10. Станува збор за акциите на топ 10 компании и банки во земјава, кои се најтргувани и се всушност главен репрезент на берзанското работење во нашата држава. 

Всушност, на 15 овој месец Комисијата за берзански индекс извршила редовна ревизија на индексот МБИ10.

„Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и УНИ Банка АД Скопје“, се вели во известувањето од берзата.

Извршена е и ревизија на берзанскиот индекс кој се однесува на обврзниците кои котираат на Берзата, ОМБ. 

„Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Четиринаесетта емисија (RMDEN14), Обврзниците за денационализација-Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16), Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18), Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19), Обврзниците за денационализација-Дваесетта емисија (RMDEN20), Обврзниците за денационализација-Дваесет и прва емисија (RMDEN21) и Обврзниците за денационализација-Дваесет и втора емисија (RMDEN22)“, појаснуваат од берзата.

Датум од кој ќе почне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 02 јануари идната година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 17 јуни 2024 година.

Слично

Поврзани вести