Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тонино Пицула го искоментира бугарското вето за Македонија

Тонино Пицула го искоментира бугарското вето за Македонија

Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула го кажа ставот за бугарското вето за Македонија. 

„Со блокадата на преговорите за членство се праќа лоша порака до сите земји од Западен Балкан“, вели Пицула. 

Однесувањето на Бугарија го оцени како некоректно. Тој кажа дека моментно во Брисел преовладува времето на разноразни блокади и употребата на вето во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

„За жал, првичниот план за отворање на меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија не е постигнат“, рече Пицула за подгоричка „Побједа“.

Вели дека политиката на проширување само за кратко добила нов замав во текот на првата половина на 2020 година, со конечното зелено светло за Северна Македонија и Албанија за отворање на преговорите, како и со Самитот во Загреб и финансиската и здравствена помош на Западен Балкан во борбата против сегашната пандемија.

Тој, сепак, верува дека сегашната состојба не е одржлива на долг рок.

Рече дека ЕУ нема формална можност за деблокирање на ветото, затоа што е потребно едногласно решение на земјите членки.

Вчера Бугарија го потврди ветото за Македонија. 

Премиерот Зоран Заев вели дека Влада стојат цврсто во одбрана на македонските национални интереси и не дозволија, како што вели, да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Maкедонија останува во чекалната на ЕУ. 

Слично

Поврзани вести