Тони Трајковски не дојде на судење, пријавил дека бил претепан
Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, утрово не дојде навремено на судското рочиште за случајот „ТНТ“, чија завршница е пред крајот, откако пријавил дека претходно бил претепан.
Третообвинетиот за одмаздничкото рушење на „Космос“ навестил дека бил нападнат синоќа по што нема да може да присуствива на процесот кој е во трка со времето да финишира со првостепена пресуда.
Според неговиот адвокат, тој се наоѓал во болница, а настанот бил пријавен во полиција. Трајковски наводно шетал со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кога бил нападнат.
Судијата Огнен Ставрев по информацијата дека Трајковски е пуштен на домашно лекување го предупредил адвокатот дека обвинетиот ќе биде приведен доколку не дојде на денешното судење.
