Тони Трајковски денеска во болница наместо на судење
Тони Трајковски, поранешниот градоначаник на Гази Баба обвинет за рушењето на „Космос“, денеска е на Клиниката за неврохирургија и неизвесно е дали ќе биде стражарно приведен како што најавуваше судот за денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на поранешното СЈО.
Третообвинетиот го одложи вчерашното судење откако пријави дека е претепан во Железара од две непознати лица, но за денеска судот најави негово приведување доколку не присуствува на процесот кој е во самиот финиш. Трајковски објави дека имал сериозни повреди откако ден претходно две непознати лица го нападнале додека тој шетал низ населбата „Железара“, претходно придружуван поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски. Судијата Огнен Ставрев побара Трајковски стражарно да биде донесен во кривичниот суд, затоа што добил информација од Ургентниот центар дека е пуштен дома.
- Мојот клиент вчера после 22 часот бил примен на клиниката. Тони тешко збори, дезоориентиран е и повраќа – рече Јовица Страшковски, адвокатот на Трајковски, кој повторно не дојде на денешното рочиште.
Адвокатот пред новинарите рече дека ќа донел и медицинска документација и дека Трајковски зборувал отежнето и не бил ориентиран.
Обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски и 4-цата обвинети членови на комисијата за јавни набавки за случајот “ТНТ”.
