Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тони Михајловски: Се распаѓа новата зграда на МНТ

Тони Михајловски: Се распаѓа новата зграда на МНТ

Актерот Тони Михајловски, иналу член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи го одржувањето на театарските објекти низ Македонија, напомена дека „се распаѓа и зградата на Македонскиот народен театар“ на кејот на Вардар во Скопје.

- Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа, напиша меѓудругото еден од најпознатите македонски актери синоќа на својот профил на Фејсбук.

Инаку новата зграда на МНТ беше отворена во 2013-та година, а неговата изградба чинеше безмалку 40 милиони евра. Во меѓувреме претрпе и критики дека прокиснува.

„Градот во кој се одржува најголемиот и најзначајниот театарски фестивал во Република Македонија, нема театар. Има, но подобро да го нема, ваков како што го има. Колегите работат во услови под сите стандарди.\

Слична беше ситуацијата со МНТ во старата зграда која ја наследи Театар Комедија. Шуга, влага, мувла, промаја и зараза од глувци и мачки.

Битолскиот театар е всушност во зградата на Дом на Култура. Театар нема. Кумановскиот е сведен на ниво на драмска секција. Една македонска и една албанска. Условите се слични како во прилепскиот. Драмски театар се крпи за да не падне. Театар за Деца и Младинци не е театарска зграда туку импровизација со минијатурна сцена и 4 столба во партерот. Струмица исто така нема театарска зграда.

Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа. Како и се останато, напиша Тони Михајловски на својот фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести