Тони Михајловски и Јелена Жугиќ се простија од Златко Славенски
Актерите Тони Михајловски и Јелена Жугиќ упатија последен поздрав до ненадејно починатиот театарски режисер Златко Славенски, упатувајќи му големи заслуги за нивните кариери.
“Златко Славенски. За мене најбитниот режисер во Македонија, и мојот актерски живот. Единствениот режисер кој ме ангажираше во 16те години незапосленост.
Единствениот кој имаше храброст да се спротивстави на директорите во намерата да ме ампутираат од театарот. “Будење на пролетта”, “Пер Гинт”, “Папокот на светот”. Не ја завршивме мојата магистерска во која требаше да ми биде ментор.
Почивај во мир другар мој. Нека ти е мирен и светол патот”, напиша Михајловски.
И Жугиќ на својот Фејсбук пофил напиша статус со кој се прости од ненадејно починатиот македоснки режисер Златко Славенски.„Со тебе го започнав театарскиот сон далечната 93та, беше режисерот од кого учев во секоја наша соработка, правевме големи претстави и собиравме овации и награди....Нека ти е лесна земјата и вечно името драг мој режисеру“, објави Жугиќ.
