Тони Коњановски: Затекнавме паника во Битола
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по седницата на Кризниот штаб објави дека нема пријавени повредени од синоќешниот земјотрес во Битола, но дека владее многу паника помеѓу граѓаните.
- Затекнавме паника, што е нормално во вакци ситуации, излезени граѓани од висококатниците,. Се информиравме во итна брза помош и немало повици за повредени, но и нема големи материјални штети, рече Коњановски.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вчера во 22.43 часот во близина на границата на Македонија со Грција. Најсилно тресеше во Битола и околината, а потресот се почувствува скоро низ целата земја. Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола.
Во текот на денешниот ден редовната седница на Општината ќе биде формирана стручна комисија за проценка на штети составена од градежни инженери и архитекти.
- Треба итно да се формира комисијата, а граѓаните да ги пријават штетите во Општината. Комисијата ќе биде составена од инженери и архитекти кои ќе прават анализи и проценки во најбрз временски рок, додаде битолскиот градоначалник.
Тој рече дека нема најави за поголеми оштетувања кај државните и општинските институции, а од превентивни причини затворен е еден клон од градинската „Мајски цвет“.
