Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тони Јакимовски поранешниот шеф на кабинет на Мијалков останува без пасош

Тони Јакимовски поранешниот шеф на кабинет на Мијалков останува без пасош

Тони Јакимовски - поранешниот шеф на кабинет во УБК на Сашо Мијалков, останува без пасош, објави Телма . Скопска апелација ја одбила жалбата на одбраната и ја потврдила одлуката на Кривичен со што пасошот на Јакимовски останува заложен во судот како дел од мерките на претпазливост. Врховниот суд летоска го спаси Јакимовски од притвор за случајот „Тврдина – Таргет“. Апелација му определи притвор, заедно со сега избеганите Горан Грујевкси и Никола Бошкоски, но Врховен ја преиначи одлуката за него - да не оди во Шутка, но му го задржат пасош. Поради сето ова ја изгуби и директорската функција во регионалната антикорупциска организација „СЕЛЕК“ со седиште во Романија. 

Слично

Поврзани вести