Тони Дескоски: Добро е што нема да се менуваат учебниците заради Цар Самуил и браќата Кирил и Методиј
Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како позитивен исчекор напред усвојувањето на првата група на заклучоци и препораки на Заедничката историска комисија.
Вчера МНР соопшти дека е договорено Цар Самуил, светите браќа Кирил и методиј, како Св.Климент и Св.Наум да се чествуваат заедно и да се направат реципроцитетни корекции во учебниците по историја што го опфаќаат средниот век и антиката.
Според Дескоски, добро е тоа што нема да се прават измени во македонските учебници за овие оет историски личности.
„Во Документот има две групи на препораки: Првите, за заедничко одбележување на личности. Вторите, препораки за учебниците по историја во двете земји. Текстот е внимателно составен и добро балансиран.
Она што паѓа во очи, е тоа што иако има согласност за заедничко чествување на личности од средновековието, не е направен исчекор и со соодветни препораки за нашиот учебник по Историја за 7 одделение кога тие се изучуваат. (се надевам дека нема суштински разлики)“, заклучува Дескоски на Фејсбук.
И тој се согласува дека заклучоците и препораките, кои треба да ги усвои Владата, не се однесуваат на клучниот период, односно на ХIX и XX век.
„За тоа ќе треба многу време, кое (за жал) го имаме, имајќи предвид дека откако ќе започнат, преговорите за наше членство во ЕУ ќе траат многу долго (веројатно околу две децении).
И да ни биде на сите на јасно, Историската комисија само ја операционализира премисата за заедничка историја на двете земји. Таа премиса е во Билатералниот договор за добрососедство од 2017 година“, тврди Дескоски.
