Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОНЕТЕ ЛИ ВО ОПОРТУНИТЕТНИ ТРОШОЦИ? Еве кои се и од каде доаѓаат

ТОНЕТЕ ЛИ ВО ОПОРТУНИТЕТНИ ТРОШОЦИ? Еве кои се и од каде доаѓаат

Дали некогаш сте биле во ситуација кога треба да изберете? Сигурно да. Доколку сте се нашле во позиција во која сте имале неколку понуди, дали за инвестиција, или можеби за работа и сте ја избрале онаа што ви изгледала најпаметна, со вашата одлука сте создале опортунитетен трошок.

Цената на пропуштената шанса, како што инаку се нарекува, ја претставува вредноста на одредено добро наспроти друго, односно разликата што претставува трошок за нас.

Кога станува збор за опортунитетните трошоци, тоа не значи дека парите го „напуштаат“  вашиот џеб, туку разликата помеѓу парите што ги имате сега и парите што би ги имале да донесете поинаква одлука во одреден момент.

Да разјасниме со пример

Моментално сте на пресврт во животот и треба да одлучите дали сакате да ја прифатите понудата на друга компанија која ви нуди 1.000 евра месечно, додека вие сега заработувате 700 евра.

На крајот, поради лични причини, се откажувате од новата компанија и одлучувате да останете таму каде што веќе работите, а со тоа вашиот опортунитетен трошок е 300 евра месечно или 3.600 евра годишно.

1.000-700=300

300*12=3.600

Буквално не сте „изгубиле“ пари од вашиот џеб, но доколку сте донеле поинаква деловна одлука, сега дефинитивно ќе имавте повеќе пари, а со тоа и поголема куповна моќ, а таа разлика е опортунитетниот трошок.

Слично

Поврзани вести