Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОМОВСКИ ЗА ТАБЛИЦИТЕ: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

ТОМОВСКИ ЗА ТАБЛИЦИТЕ: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

Службените возила на функционерите ќе добијат обележани таблици. Целта е нив да не ги користат за приватни цели. 

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски на Фејсбук информираше за она што е договорено. 

„Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели“, напиша Томовски.

Вели дека уште едно ветување е исполнето. Претходно, се случуваше функционери на партиски митинзи да одат со службени возила. 

Слично

Поврзани вести