Економија, финансии, бизнис

Контакт

Томовски: Службените возила ќе добијат GPS уреди

Томовски: Службените возила ќе добијат GPS уреди

Ивица Томовски,директорот на Службата за општи и заеднички работи, објави дека службените возила ќе добијат унифицирани таблици и GPS уреди за следење на нивното движење.
„СОЗР ја подобрува контролата на службените возила преку прецизен регистар кој гарантира ефикасна распределба и употреба на државните ресурси. Службените возила ќе имаат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди со што ќе може да вршиме постојана контрола на користење на возилата со цел минато да стане нивната злоупотреба“, соопшти Томовски.

Државниот завод за ревизија пред четири години објави дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ не го користела ГПС-системот за зледење на користењето на владините возила.

Од 64 навигациони уреди, само 20 се инсталирани во возила кои што се користат, но истите не се во функција. Од одговорните лица следувало одговор дека технологијата е стара 10 години и дека не е во функција со што не е исполнета целта на јавната набавка.



Слично

Поврзани вести