Економија, финансии, бизнис

Контакт

Томислав Гиевски: Наставниците имаат дискреционо право дали ќе се вакцинираат

Томислав Гиевски: Наставниците имаат дискреционо право дали ќе се вакцинираат

По денешниот повик од страна на Министерството за здравство, претседателот на Независниот синдикат за образование и наука Томислав Гиевски порача дека просветните работници имаат дискреционо право дали ќе се вакцинираат против Ковид-19 и дека во моментов нема механизми кои што ќе ги принудат.

„Не можеме ниту да знаеме кој наставник е вакциниран а кој не е, исто како и учениците. На крајот се се сведува на личниот став на просветниот работник“, рече Гиевски во вестите на „Телма“.

Министерството за здравство информира дека од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата со цел од 1 септември новата наставна година да започне со физичко присуство на сите ученици.


Слично

Поврзани вести