ТОЛКУ МНОГУ ГО САКАМ СКОПЈЕ, НО МОЈОТ ЖИВОТ Е МЕДИЦИНАТА: Д-р Чадиковски по објавите дека е можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Познатиот детски кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски се огласи во врса со наводите во дел од медиумите дека е еден од можните кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.
Тој на социјалната мрежа Твитер објави дека неговата професионална мисија е ориентирана кон лекување на најмладата популација
- Политичките ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес, напиша д-р Чадиковски на Твитер.
Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес.
