Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТОЛКУ МНОГУ ЕМОЦИИ ПРИЈАТЕЛИ, АЛИ АХМЕТИ ПЕЕ ЗА КАЛОШ ДАНИТ“: Груби објави видео од лидерот на ДУИ

„ТОЛКУ МНОГУ ЕМОЦИИ ПРИЈАТЕЛИ, АЛИ АХМЕТИ ПЕЕ ЗА КАЛОШ ДАНИТ“: Груби објави видео од лидерот на ДУИ

Досегашниот прв вицепремиер, Артан Груби денеска на својот профил на Фејсбук објави видео од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е видно расположен и со силни емоции пее народна албанска песна:

-Толку многу емоции пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани!, напиша Груби.


Инаку, вчера лидерт на ДУИ објави дека денеска е исклучително важен ден.

-На 28. јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија.

-Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ се заблагодари на граѓаните што верувале и пти застанале зад нивниот сон. Но, вели Ахмети, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување.

-Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат, рече Ахмети


Слично

Поврзани вести