ТОЛКУ БЕШЕ „ГАГА“: Спремете пари-пак ќе се плаќа паркингот спроти ГТЦ
Хаотично паркирани автомобили карши Градскиот трговски центар. Но, само уште викендов.
Од понеделник местото на кое е планирано да се градат згради повторно ќе биде паркин но во приватна сопственост.
Тоа значи дека за да го оставите автомобилот на тој паркинг ќе треба да си платите како и претходно. Цената како што најавуваат сопстевиците ќе си остане иста.
Засега атрактивната локација ќе функционира како паркинг простор бидејќи истата е под мораториум за градење.
Со паркингот ќе стопанисува фирмата МГ Фешн на бизнисменот Зоран Антиќ кој за медиумите вели дека целта е да го регулира сообраќајниот паркинг.
Слично
