Економија, финансии, бизнис

Контакт

Толку беше: Еден затвор се откажа од штрајкување

Толку беше: Еден затвор се откажа од штрајкување

Затворениците во штипскиот затвор се откажаа од штрајкот со глад по само еден ден откако беше решено дека на таков начин ќе се протестира против најавената амнестија за обвинетите од упадот во Собранието на 27 април.

Затворениците изразија незадоволство од тоа што за овие обвинети се размислува за намалување на казните или целосно ослободување од делата, иако постојат цврсти докази, додека за нив нема никакви „привилегии“.

Штрајкот во штипскиот затвор засега останува само на вчерашниот појадок, кога само 19 затвореници од вкупно 234 одбиле да јадат, според информацијата од управата.

Упориште на штрајкот остануваат затворите во скопско Идризово и Прилеп.

„Штипските“ затвореници вчера му испратија писмо на премиерот Зоран Заев, но тој појасни дека општа амнестија нема да има.


Слично

Поврзани вести