Економија, финансии, бизнис

Контакт

Толку беше: Боро Стојчев си го одлежа затворот

Толку беше: Боро Стојчев си го одлежа затворот

Сега веќе поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, експресно си ја одлежа затворската казна за шверц на цигари на македонско-бугарската граница.

Екс-управителот на руралната општина, кој на изминатите локални избори победи како номиниран од редовите на СДСМ, беше правосилно осуден на шест месеци затвор откако бепе фатен на дело од македонската полиција, но поради примерно однесување излегува на слобода еден месец порано.

Стојчев си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село, а Владата во моментов прави модел како да биде избран нов градоначачник.

Првично беше осуден на година и пол казна затвор, но по жапбата, второстепениот суд му ја намали казната.

Слично

Поврзани вести