„ТОЈ ДЕН КОГА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО КРИЈАТ ПОВЕЌЕ ОВОЈ КРИМИНАЛ, ЌЕ БИДЕ ДОЦНА“: Арсовска објави видео од Чаир од покрив од зграда кој летна
По вчерашното невреме во земајва, и силниот ветер кон откорна дрва и бандери во главноиот град, со свој пост на социјалните мрежи се огласи и градоначалничкта на Град Скопје, Данела Арсовска.
И овој пат, таа се осврна на дивоградбите во Чаир, повторно со напомена дека пред криминалот во оваа општина се молчи, поради што за среќа е избегната поголема трагедија.
Таа сподели видео на кое според неа има зграда од општина Чаир, а на видеото може да се види како од ветрот летнува кровната конструкција.
- Молчат пред криминалциве од Чаир, не смеат да им писнат, ги бранат со живот, им дозволуваат да мислат дека со моќ и пари може сѐ да купат и да продолжат со криминалите како да е сѐ ова нормално.
За разлика од сите останати чесни луѓе, овие градат висококатници без безбедносни стандарди, без статика, без проекти, без да платат комуналии и даноци.
Тој ден кога нема да може да го кријат и премолчат повеќе овој криминал, веќе ќе биде предоцна.
Видео од вчерашното невреме во Чаир - напиша Аросовска на Фејсубк.
Еве ја нејзината објава:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
