Тодоров задоволен од вложеното во здравството, одливот на лекари за него е глобален феномен
Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека е задоволен од тоа на кое скалило се наоѓа здравството во земјава благодарение на инвестициите во опрема, инфраструктура и кадар и од реформите направени од владата на ВМРО ДПМНЕ.
Ова го истакна министерот во вестите на ТВ24 притоа признавајќи дека Македонија се соочува со одлив на лекари, проблем со кој се соочуваат и соседите.
Тој вели дека здравството е зајакнато од аспект на човечкиот капацитет за околу пет илјади нови вработувања, што според него значи дека е пополнет јазот направен во минатото кога воопшто не се водело сметка за човечките потенцијали.
Посебен исчекор Тодоров вели е направен во делот на смртноста на новороденчињата алудирајќи на фактот дека денес Македонија има стапка од 8,5 %.
Коментирајќи ја актуелната политика криза и однесувањето на пратениците во Собранието, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ тврди дека СДСМ пред Велигден ќе направи обид за насилно преземање на власта, а дека неговата матиќна партија на тоа ќе одговорела соодветно.
„Се надевам дека ќе се воздржат од какви било насилни обиди за преземање на Собранието и се надевам дека таквите идеи во СДСМ нема да добијат одобрување. Тиранската платформа да не се дозволи да биде насилно имплементирана во Македонија затоа што сметаме дека тоа е една сериозна изборна измама на граѓаните без разлика за кого гласале или воопштво не гласале, затоа што ако граѓаните би знаеле дека вакво нешто треба да се имплементира по изборите веројатно поинаку би гласале“, вели Тодоров.
