Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров вети нова поликлиника која ќе се гради во Бутел

Тодоров вети нова поликлиника која ќе се гради во Бутел

Никола Тодоров, носителот на изборната единица 2 и кандидат од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од митингот во општина Бутел на граѓаните им вети дека тука ќе биде изградена целосно нова поликлиника, како и многу други важни објекти во служба на граѓаните.

- ВМРО-ДПМНЕ ја има најобемната и најреална програма досега и ние имаме обврска да го оствариме тоа што сме го ветиле во програмата, а доказ дека ќе го оствариме се многу бројните работни места, градење на автопати, градењето на спортски сали, училишта, а во иднина гарантираме нови вработувања, набавување на нови медицински апарати, субвенции за плиснки уреди во автомобилите, субвенции за граѓаните кои сакаат да се греат на пелети и многу други проекти. А овде во Бутел ќе изградиме и комплетно нова поликлиника Бутел, две нови градинки, спортски игралишта, како и проектот рурални развојни зони ќе биде дел од ова населено место, потенцираше Тодоров.

Никола Тодоров исто така ги продолжи обвинувањата против Зоран Заев кој наводно имал план да воведе двојазичност на целата територија на Македонија и да ги започне процесите за кантонизација или федерализација. Митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заврши со силен огномет.


Слично

Поврзани вести