Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров сведочел за обидот за атентат врз него

Тодоров сведочел за обидот за атентат врз него

Екс министерот за здравство Никола Тодоров кој беше нападнат со огнено оружје на први јуни, денот на предавање на функцијата, денеска бил да даде исказ во скопското обвинителство, дознава ТВ 24 од неофицијални извори.  

Покрај Тодоров, кој давал исказ како оштетен, во обвинителството биле сослушани и двајца сведоци, лица од обезбедувањето на поранешниот министер – велат извори на ТВ 24. 

Тодоров беше нападнат од Љупчо Стојановски од Велес, дедото на малата Тамара која почина пред да добие можност да замине на операција во странство. Стојановски е во притвор во Шутка повеќе од половина месец, а кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на одбраната која бараше превентивни мерки поради неговата нарушена здравствена состојба.

Слично

Поврзани вести