Тодоров пресмета колку пари заштеди Клинички со гасификацијата
Гасификацијата на скопскиот Клинички центар дава исклучително позитивни резултати, оцени министерот за здравство Никола Тодоров. Тој ги спореди сметките за греење во февруари годинава, со оние од минатата година кога клиниките се грееја на мазут, при што било утврдено дека заштедата изнесува околу 140 илјади евра.
„Само за споредба, во февруари 2013 година, кола Клиничкиот центар се грееше на мазут, потрошени се 20 цистерни во вкупна вредност од 20.135.000 денари. Изминатиов месец, во февруари 2014 година, по гасификацијата, за греење Клиниките потрошиле 11 милиони денари“, вели Тодоров.Според него, една од придобивките е и заштитата на животната средина затоа што значително се намалило загадувањето на воздухот во централното градско подрачје. Проектот за гасификација профункционира во ноември 2013 година, а со гасификациска мрежа од речиси еден километар се опфатени сите клиники. За годинава е предвидено да се гасифицираат и Новата градска болница „8 септември", ПЕТ центарот до новата градска болница и поликлиниката Букурешт во Карпош.
Слично
